(Не) чесната сестра Ана работела како курир за мафијата: Во текот на денот давала благослови, а ноќе во затворот ги слушала наредбите на наркобосот Стефано

Точка

06/12/2024

16:17

5.137

Големина на фонт

а а а

Сестрата Ана Донели (57) била позната како „сестра Колина“ кога волонтирала во неколку затвори во и околу градот Бреша. Меѓутоа, полицијата откри дека „сестрата Колина“ правела многу повеќе од давањето благослов на затворениците.

Таа е обвинета дека ја искористила „духовната улога која ја имала“ за да пренесува пораки и наредби помеѓу шефовите на мафијата кои се во затвор и криминалците кои биле на слобода. Полицијата има докази дека чесната сестра работела за озлогласената италијанска мафија „Ндрангета“.

„Таа пренесувала наредби, директиви, морална и материјална помош на соработниците, а од затворениците добивала корисни информации за подобро планирање на криминалните стратегии“ изјави на прес-конференцијата обвинителот Франческо Прет.

Вкупно 1,8 милиони евра готовина се запленети во полициска акција во која се уапсени околу 25 лица, а оружје и дрога беа пронајдени на локации во Бергамо, Верона и Тревизо.

Уапсен е и членот на партијата „Браќа на Италија“ на премиерката Џорџо Мелони, кој по професија е лекар, бидејќи приватно лекувал мафијаши за тие да не мораат да бидат регистрирани како пациенти во болниците.

Ана е во домашен притвор и ја чека одлуката на судот

Ана Донели или „сестрата Колина“ работела како врска помеѓу затворските службеници и затворениците, покрај тоа што била и фудбалски судија на натпреварите кои затворениците ги играле во текот на слободното време. Ова таа лично го откри во текот на интервјуто кое го даде за „TV 2000“ во врска со нејзината „хуманитарна работа“.


Обвинителот рече дека Ана, која моментално е во домашен притвор му била „на располагање на злосторничкото здружение“.

Најмногу соработувала со Стефано и Франческо

Според информациите од истрагата кои ги пренесоа италијанските медиуми, сестрата Ана Донели особено најмногу соработувала со Стефано и Франческо Триподи.


Самиот Стефано често ја споменуваше „калуѓерката“ која доаѓала во затворите во Милано и Бреша, а со која тој имал „пакт“. Тие двајца, всушност, се сретнале неколку пати, а биле толку блиски што тој зборувал за „широка соработка“, а самата калуѓерка била идентификувана како „пријателката на Стефано“.

Според полицијата, „сестрата Колина“ била свесна за моќта на семејството Триподи. Калуѓерката наводно му раскажувала на Стефано за роднината која доживеала несреќа, а тој ја тешел со уверувањето дека тој ќе се погрижи за тоа „преку неговите пријатели“.



Пред нешто повеќе од една година, на веб-страницата „Voci dal ponte“ Ана Донели ги раскажа деловите од нејзиниот живот, од детството до смртта на нејзината сестра близначка на 34-годишна возраст. Од 2010 година почнала да ги посетува затворите и да им нуди „духовна помош на затворениците“.

„Овие вежби на хуманоста го трансформираа мојот поглед на светот. Најпрво, почнав да го гледам човекот во оној кој сторил какво било злосторство и кој страда, бидејќи во мене се присутни две димензии: пченица и трева“ раскажа Ана.