Боки 13 после повеќе од една деценија објави песна и спот: Слушнете ја преработката на „Само една песна таговна“

Точка

05/12/2024

23:44

5.940

Големина на фонт

а а а

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, објави спот за преработката на песната „Само една песна таговна“ во соработка со Пелистерка и „Sustain Production“, додека аранжманот е на Никола Мицевски.

Станува збор македонска антологиска песна, оригинално испеана од доајенот Пепи Бафтировски.

„Отпеана и снимена „Само една песна таговна“ под диригентска палка на маестро Никола Мицевски. После точно 13 години во студио снимив песна полна со тага и со љубов. Огромно благодарам на авторите Миле и Ѓорѓи Барбаровски за можноста и привилигијата. Следува промоција со видеозапис“, напиша Боки на Инстаграм пред 2 месеци, кога ја најави соработката.

Како тоа изгледа и звучи можете да погледнете во приложеното видео: