Бронзениот медалист на Олимписките игри во Токио и поранешен српски претставник во борење Зураб Датунашвили беше уапсен за време на протестот во Тбилиси, во неговата родна Грузија.
Полицијата го лишила од слобода, но и го претепала, при што било утврдено дека има повреди по вратот и телото. Сега се појавија и вознемирувачки видеа кои ја прикажуваат тортурата низ која поминал Зураб. Неколку полицајци морале да скокнат врз него за да го соборат на земја и на крајот едвај го совладале и го лишеле од слобода. Погледнете:
Russian Dream regime Titushky attacked us at Courtyard Marriott after the opposition meeting this evening. They assaulted and detained Zura Datunashvili, Coalition 4 Change member, Ahali party political council member, and European and World wrestling champion. #GeorgiaProtests pic.twitter.com/81a6SAlKMu
— Coalition 4 Change 🇬🇪🇪🇺 (@CoalitionGEO) December 4, 2024
Датунашвили беше еден од водачите на масовните протести во Тбилиси кои започнаа откако грузиската влада одлучи да го прекине процесот за пристапување во Европската унија до 2028 година.
🇬🇪🇪🇺Moment of detention of two-time world wrestling champion Zurab Datunashvili in Tbilisi, openly supporting protests and participating in rallies
— Michael Kulakov (@mickulakov) December 4, 2024
Zurab Datunashvili, 32, is a three-time European champion, two-time world champion, and bronze medalist at the 2020 Summer Olympics. pic.twitter.com/KpZhWtZKws
Инаку, Зураб поради политички причини избега во Србија и ѝ донесе злато и олимписки медал.