Невил за невидливиот „мозок“ на Арсенал: Тој е најдосадниот човек во фудбалот

Дерби

05/12/2024

14:14

3.656

Големина на фонт

а а а

Арсенал го доби големото англиско дерби против Манчестер Јунајтед благодарение на два гола во второто полувреме, но начинот на кој беа постигнати истите уште еднаш го апострофираа најсилното оружје на „топчиите“ оваа сезона.

Микел Артета со години наназад ја заработува тимската игра и ја наметна својата фудбалска филозофија, меѓутоа мора да се издвои и поддршката која ја добива од Николас Јовер кога е стратешкиот дел од фудбалот во прашање.

Тренерот кој е задолжен за прекин играта на Арсенал веќе доби статус на вистински гениј во Англија, а причина за тоа се неверојатниот број на голови кои ги постигнува тимот од Северен Лондон со рабработени акции од тренинзите.

Арсенал вчера постигна два гола од прекин преку Тимбер и Салиба, а тоа до толку го изнервира Гери Невил, што легендарниот фудбалер на Јунајтед го нарече Јовер „најдосадниот човек“ во фудбалот.

– Тренерот за прекини во Арсенал мора да се смета за најдосаден човек во актуелниот фудбал. Дефинитивно мора да се мисли ова за него, нели? – порача Невил во отвореното студио на „Оверлап“, во кое се надоврза Карагер.

– Овој човек треба да добие што ќе посака од Арсенал. Ако бев тренер за прекини на овој Арсенал, ќе побарав бланко-чек пред да потпишам нов договор. Едноставно не смее да се откажете од ваков човек, – додаде Џејми.