„Што им згрешивме на Бугарите, не би знаел да кажам“: Вучиќ за гласовите на членките на ЕУ против отворањето на Кластерот 3 со Србија

Макфакс

05/12/2024

12:18

8.082

Големина на фонт

а а а

Благодарни сме ако го отворат Кластерот 3, благодарни сме им дури и ако не го отворат, важно е да продолжиме да се бориме и да разговараме со сите нив, изјави за РТС претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во врска со немањето согласност од членките на ЕУ за отворање нови поглавја во преговорите со Србија.

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ вчера не дадоа зелено светло за отворање на Кластерот 3, а претседателот на Србија рече дека Унгарија ќе закаже нова средба за следната недела и дека во тоа нема сомнеж.

На вчерашната седница против беа Шведска, Финска и Холандија, како и Хрватска и Бугарија.


„Да ме праша Господ што им згрешивме на Бугарите, немаше да знаел да го објаснам. Изгледа разбирам кои се вистинските причини, иако никогаш нема да ги слушнеме. А за Хрватите се’ ми е јасно, немам проблем да сфатам. За нас има две важни вести – да продолжиме да се бориме и да разговараме со сите нив“, вели Вучиќ.

Исклучително позитивно е, посочува, што Германија е апсолутно за отворање на кластерот три, додека Франција и Италија беа и остануваат за тоа.


„Им благодариме ако ни го отворат тој кластер три. Им благодариме дури и ако не го отворат. Воопшто нема проблем. Следната година ќе се стремиме да бидеме најбрзо растечка економија во цела Европа“, рече Вучиќ.