Ана Винтур речиси е невозможно да ја видиме без очила за сонце: Неодамна откри зошто секогаш ги носи

Точка

05/12/2024

12:49

3.184

Големина на фонт

а а а

Уредничката на „Vogue“, Ана Винтур, која ја нарекуваат ледена кралица на модата, речиси е невозможно да ја видиме без очила за сонце, а неодамна реши да открие зошто ги носи во секоја пригода.

„Ми помагаат да гледам и ми помагаат да не гледам. Ми помагаат да бидам и да не бидам видена. Можам да кажам дека тие се реквизит“, изјави Ана за „BBC“.


Луѓето често ја доживуваат како личност која секого гледа „од високо“ и од која сите се плашат. Меѓутоа таа вели дека тоа не е вистина. Исто така во модната индустрија постои мит дека на Ана никој не смее да ѝ каже „не“.


„Тоа е апсолутно неточно. Често ми кажуваат „не“, но тоа е добра работа. „Не“ е прекрасен збор“, додаде Ана.

На прашањето дали планира да се повлече од модната индустрија или да продолжи со работата во деветтата деценија, таа одговори дека во блиска иднина нема намера да се повлече.



Таа е уредничка на „Vogue“ од 1988 година, и со децении е во првите редови на најпрестижните модни настани, а сон на многу дизајнери ширум светот е да соработуваат со неа. Таа напомена дека досега веројатно поминала една година од животот чекајќи да започнат ревиите.



Исто така раскажа како во една прилика била бесна на Марк Џејкобс кој доцнел час и половина на модната ревија, а следната сезона, ѝ се извинил така што пристигнал порано.