Двајца Американци и еден Канаѓанец исчезнаа додека се обидуваа да го освојат највисокиот врв на Нов Зеланд

Макфакс

04/12/2024

09:01

3.512

Големина на фонт

а а а

Поради лошите временски услови, забавена е потрагата по двајца Американци и еден Канаѓанец кои исчезнаа при обидот да се искачат на највисокиот врв на Нов Зеланд.

Како што јави Си-Ен-Ен, Курт Блер (56), Карлос Ромеро (50) пристигнале во саботата во областа и планирале да го освојат врвот висок 3724 метри над гребенот Цурбриген.

With great sadness, we share that Carlos (Kique) Romero is among three climbers reported missing on New Zealand's Mount...

Posted by SWS Mountain Guides on Tuesday, December 3, 2024

Тие беа прогласени за исчезнати кога не се појавија на закажаниот лет во понеделник наутро, соопшти полицијата на Нов Зеланд.

Хеликоптер и екипи за пребарување и спасување ја започнаа потрагата, но мораа да запрат поради временските услови на планината. Потрагата не можеше да се продолжи во вторник бидејќи условите не се подобрија.

Неколку предмети поврзани со качување, за кои се верува дека им припаѓаат на тројцата мажи, беа пронајдени за кратко време кога беше пребарана областа. Не се знае кога ќе може да се продолжи потрагата по нив бидејќи за следните денови е најавено лошо време.