Пензионирање на 67 години – спас за економијата или дополнителен проблем?

Денар

04/12/2024

08:25

992

Големина на фонт

а а а

Предлогот за зголемување на старосната граница за пензионирање на 67 години предизвика бура од реакции во јавноста, отварајќи дебата за тоа кој е вистинскиот пат кон финансиската стабилност на државата.

Оваа тема не само што ги подели мислењата на експертите и граѓаните, туку и ја разоткри комплексноста на кризата во пензискиот систем, која станува сè подлабока.

Според податоците од Министерството за труд и социјална политика, дупката во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) се продлабочува, што значи дека речиси секоја трета пензија во Македонија се исплаќа со средства од државниот буџет.

Ова е значаен товар за економијата, која дополнително се соочува со недостиг на млади работници.

Проблемите на пензискиот систем

„Доколку продолжиме со сегашниот модел на пензискиот систем, ризикуваме да го нарушиме економскиот баланс на долг рок“, предупредуваат економските аналитичари со коишто разговаравме.

Тие велат дека продолжувањето на старосната граница за пензионирање нема да го реши проблемот, туку само ќе ја одложи кризата.

„Потребно е радикално реструктурирање на системот и воведување нови решенија кои ќе го поттикнат ангажманот на младите на пазарот на труд“, коментираат експертите.

Економијата има потреба од млади

Податоците покажуваат дека миграцијата на младите луѓе во странство е уште еден фактор што придонесува за недостиг на работоспособна сила.

Според аналитичарите, основниот проблем лежи во неповолните услови за работа и ниските плати.

„Кога младите ќе заминат, остануваат постарите генерации кои тешко се адаптираат на новите технологии. Ова директно влијае на продуктивноста“.

Тие додаваат дека воведувањето на мерки за задржување на младите, како што се субвенции за младинско вработување и зголемување на платите, е неопходно.

„Без млади, нема економска иднина“, заклучуваат аналитичарите.

Ставот на Владата

Од Владата велат дека не планираат моментално да го зголемат прагот за пензионирање.

„Наш приоритет е да изнајдеме одржливи решенија за стабилизација на пензискиот фонд, без да ги оптоваруваме граѓаните дополнително“, брифираат извори од Владата.

Една од опциите што се разгледува е подобрување на ефикасноста на наплатата на придонесите, како и борба против сивата економија.

Социјалниот немир како можен исход

Психологот Сања Љубеновиќ предупредува дека зголемувањето на старосната граница за пензионирање може да предизвика социјален немир.

За повеќе прочитајте на Денар.мк