Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска праша дали Западот ќе воведе санкции кон Јужна Кореја откако влезот во зградата на јужнокорејскиот парламент беше блокиран, а земјата прогласи воена состојба.
„Што одлучија Литванија, Латвија и Естонија за ова? Дали ќе се воведат санкции против Сеул? Или Јужна Кореја ќе има повеќе среќа од Грузија?“, изјави Захарова на каналот Телеграм.
Јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол најави воведување воена состојба претходно денеска, „за искоренување на про-севернокорејските сили и заштита на слободата и уставниот поредок“, а активностите на парламентот, политичките партии и здруженијата во Јужна Кореја се суспендирани до нејзиното укинување.