Познатиот фудбалер преку лентата во боите на виножитото напишал „Го сакам Исус“! Федерацијата го предупреди дека тоа е забрането

Точка

03/12/2024

19:37

2.074

Големина на фонт

а а а

Гуеи носеше капитенска лента со боите на виножито како дел од кампањата за "LGBTIQ+" на Премиер лигата. Но, на тоа додаде „Го сакам Исус“.

Англиската фудбалска асоцијација го предупреди играчот на Кристал Палас, Марко Гуеи (24) дека верските пораки се забранети на опремата за време на натпреварите.

Гуеи, англиски репрезентативец, ја носеше капитенската лента со боите на виножитото како дел од кампањата "LGBTIQ+" на Премиер лигата. Но, на тоа додаде „Го сакам Исус“.


Сепак, ФА го предупреди дека тоа е забрането, но очигледно играчот нема да биде казнет. И клубот доби предупредување дека повеќе не смее да го прави ова.

Претходно, Ипсвич Таун потврди дека нивниот капитен Сем Морси одбил да ја носи лентата со виножито за време на викендот поради неговите религиозни убедувања, но здружението истакна дека според правилникот тоа не е прекршување на нивните прописи.