[ФОТО] Црвениот килим се „вжешти“ поради стајлингот на Ријана на „British Fashion Awards“: Покажа зошто е модна дива

Точка

03/12/2024

15:32

3.164

Големина на фонт

а а а

По долго време Ријана се појави на црвениот килим и ги воодушеви сите со својата модна комбинација.

Познатата пејачка ги „сврте“ сите рефлектори кон неа облечена во впечатлива светлосина бунда додека позираше со нејзиниот партнер АСАП Роки на доделувањето на „British Fashion Awards“ за 2024 година кое се одржа синоќа во Ројал Алберт Хол во Лондон.


Нејзиниот партнер, раперот АСАП Роки, беше награден на овој престижен настан како „културен иноватор“, благодарение на неговите бројни значајни кампањи во текот на годината, како и неговото деби на модната недела во Париз.


Моќниот пар изгледаше совршено во секој поглед додека чекореа по црвениот килим. Ријана го привлече вниманието со раскошната, светлосина бунда, која ја носеше преку црн фустан со тантела.



Својот изглед го комплетираше со огромна сина шапка со крзно и црни кожени ракавици, а насмевката не ја симнуваше од лицето додека го гушкаше раперот.


Роки изгледаше елегантно во темносиниот костум и црвената вратоврска – стајлингот во кој се одлучи да ја прими престижната награда.