Ливерпул изгледа незадржливо на стартот на сезоната и тоа го покажа со изданието против Манчестер Сити пред два дена, триумф кој беше 18-ти за тимот на Арне Слот на 20 одиграни натпревари.
Со победата од 2:0, Ливерпул отиде на плус 11 од големиот ривал за титуалта и јасно се издвои како голем фаворит за трофејот во Премиер лигата, но избраниците на Арне Слот немаат премногу време да го слават дерби успехот, бидејќи веќе утре имаат тежок предизвик.
Ливерпул ќе гостува кај Њукасл кој секогаш е крајно незгоден на домашен терен, а во најавата за овој натпревар, Арне Слот искористи едно новинарско прашање за да се пошегува со Манчестер Сити.
Мо Салах во неделата изјави дека најверојатно го одиграл последниот натпревар на домашен терен против Манчестер Сити, па откако Слот добил прашање да го коментира ставот на Египќанецот, решил да се пошегува на сметка на Сити за 115-те прекршоци за кои им се суди во Премиер лигата.
– Можеби Мо Салах знае нешто повеќе за 115-те прекршоци за кои им се суди на Сити, можеби очекува да не бидат во Премиер лигата наредната сезона.
– Јас очекувам да бидат во Премиер лигата, а одговорот на ова прашање е секогаш досаден. Не сум јас кој треба да дава одговори за договорот на Салах. Мислам дека веќе кажав премногу со тоа што го кажав за Сити. Сигурен сум дека тоа ќе биде на насловните страни, но повторувам, тоа беше шега. Тоа беше само шега, – изјави Слот.
Arne Slot on Mo Salah playing his last game against City at home: "Maybe Mo knows more about the 115 charges, so expects them not to be there next season!" "It was a joke, I repeat a joke!" pic.twitter.com/1GttPuLYoH
— BeanymanSports (@BeanymanSports) December 3, 2024