[ФОТО] Латекс, чипка, а во раката – камшик: Свршеницата на милијардерот со „жешките“ фотографии „вознемири“ многумина

Точка

03/12/2024

12:04

2.863

Големина на фонт

а а а

Свршеницата на милијардерот Џеф Безос, Лорен Санчез (54) повторно ги остави сите без зборови со своите најнови објави.

Поранешната новинарка е позната по предизвикувачките модни изданија на различни настани, но и по уште попредизвикувачките објави на социјалните мрежи, а овој пат објави неколку фотографии во садо-мазо издание и ги остави сите без здив.


Лорен се фотографираше во костим „жена-мачка“ од латекс, додека во едната рака држеше камшик, а го носеше и дијамантскиот ѓердан со приврзок „Б“, кој јасно ја претставува првата буква од нејзиното идно презиме.


Чипкастиот градник едвај ги прикри нејзините бујни гради, а Лорен во описот додаде дека е задоволна од сите спомени кои и ги донесе оваа година.


Лорен и Џеф се во врска од 2019 година, а се свршија минатата година. Некои медиуми пренесуваат дека нивната „тајна“ венчавка би можела да се одржи до крајот на оваа година, но засега ништо не се знае околу ова.