„Неа ја краси неверојатна убавина, а тој е чист просек“: Никој не разбира зошто оваа актерка се омажила за 11 години помлад маж кој изгледа „невидливо“ покрај својата сопруга

Точка

02/12/2024

16:41

3.623

Големина на фонт

а а а

Нема крај на чудењето поради нивниот брак, но нема ниту крај на нивната љубов, чија годишнина ја одбележаа синоќа во Њујорк, каде славната Прија се појавила во екстремно краток фустан додека нејзиниот сопруг ѝ парирал во лежерно издание. Пријанка Чопра сака повеќе предизвикувачка мода и најчесто носи такви модели кога се појавува во јавноста со својот сопруг Ник Џонас.

Пријанка Чопра носела асиметричен фустан, со детали на преклоп кои стегаат до максимална точка. Таа, облечена во таква облека ги истакнала нозете, а преку неа облекла кожна јакна, додека на нозете имала преубави чизми.


Зошто сите се чудат за нивната врска? Водечките коментари се дека Пријанка Чопра (42) е далеку попривлечна од нејзиниот сопруг, дека покрај неа изгледа незабележливо, како и дека разликата од 11 години – колку е тој помлад, е повеќе од забележлива, па остава впечаток дека тој е нејзиниот помал брат, а не сопруг.

„Таа е убавица од светски размери, а тој чист просек“, велат тие. Сепак, бракот трае од 2018 година и холивудската и боливудската ѕвезда која Мис во 2000 година била мис на светот и нејзиниот сопруг, популарниот американски пејач, оставаат впечаток дека се многу среќни во бракот.


Ник Џонас е сопруг за пример. На пример, славната Прија и нејзиниот сопруг ја претставија својата ќерка Малти Мари во јавноста за прв пат во 2023 година, една година по нејзиното раѓање. Поводот бил прекрасен, а славниот сопруг и татко Ник Џонас воодушевил со зборовите кои ѝ ги упатил на сопругата.

Ова не е прв пат Ник Џонас да покаже колку е романтичен. Многумина тоа не го предвиделе кога говореле дека тој не е доволно добар за актерката која, според зборовите на тие луѓе можела да најде подобар дечко.


„За мојата преубава сопруга, ти си спокојот во лудилото, карпата во бурата, и јас сакам што сумн во брак со тебе. Тоа е најголемиот подарок. Го сакам родителството со тебе, паааа Малти Мари … Здраво, душо. Едвај чекам да дојдам овде со тебе за 15 години и да те посрамотам пред твоите пријатели“, порачал Ник од сцената.


И додека Џонас е критикуван, него го следи и угледот на голем заводник. Во прилог на тоа говори и фактот дека бил во врска со актерката Деми Мур (62).

Кога се дознало дека Деми е во прегратките на помладиот Ник, светската јавност доживеа голем шок. Без разлика што Деми има традиција да избира помлади партнери и што беше во брак со 16 години помладиот Ештон Качер.

Шок е шок! Но, тоа беше краткотрајно. Врската, на која „кумувала“ ќерката на Деми Мур и Брус Вилис, Румер Вилис, била краткотрајна. Дали поради возраста или нешто друго, парот набрзо се разделил.


Најинтригантна е што на почетокот на оваа година, братот на Ник, Џо Џонас го поврзуваа со оваа холивудска ѕвезда.

Браќата Џонас, неодоливи за жените …