Не е првпат Ким Кардашијан да ја имитира Бјанка Цензори, сопругата на нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест, која има препознатлив, помалку скандалозен стил на облекување.
Новата објава на Ким Кардашијан на инстаграм ги збуни многумина – дали се работи за поранешната или сегашната сопруга на Канје Вест, скандалозната Бјанка Цензори?
Ријалити ѕвездата објави фотографии на кои со провокативен и невообичаен стајлинг повеќе потсетува на Бјанка отколку на Ким која ја знаеме, поради што многумина се запрашаа што всушност се обидува да направи.
На фотографиите го покажа своето раскошно деколте носејќи оскуден бел, раскопчан горен дел и бели танга гаќички, а позираше во шумата, во темнина.
Скудниот стајлинг го комплетираше со кафеави чизми, а поради овој потег не наиде на позитивни коментари. „Бјанка се умножи“, беше само еден од коментарите.
Останува прашањето кој ја фотографирал и зошто Ким се одлучила на овој чекор, имајќи предвид дека речиси сигурно ќе ја поврзуваат со Бјанка.
Со оглед на тоа дека по разводот со Канје, Ким го пронаоѓаше својот моден идентитет, бидејќи и неа како Бјанка ја стилизираше нејзиниот поранешен сопруг, останува прашањето дали ќе се држи до вакви изданија во кои ќе ја споредуваат со Цензори или ова е само уште еден нејзин трик потег.