Пејачката Џенифер Лопез повторно изгледа заводливо како никогаш порано. Додека со месеци се зборуваше за нејзината разделба од Бен Афлек, популарната ѕвезда одреден период се повлече од јавноста, а кога конечно се појави беше јасно дека повеќе не е старата Џеј Ло.
Неодамна беше забележана на вечера во ресторан во Беверли Хилс, и изгледаше божествено. Таа за оваа пригода беше облечена во долго кожено здолниште со кафеава боја како и чизми со истата боја, додека изгледот го комплетираше со проѕирна блуза со циркони под која можеше да се види нејзиниот градник.
Џенифер зрачеше со самодоверба како никогаш досега, како да ги заборавила сите грижи и го започнала животот од почеток. Нејзините обожаватели беа воодушевени од нејзиното издание, а нема сомнеж дека и кариерата повторно ќе ја врати на вистинскиот пат.
Лопез претходно во едно интервју зборуваше за тоа колку ѝ било тешко кога останала сама и морала да се справува со уште еден, четврти по ред, неуспешен брак. „Мислев дека го научив тоа, но не. Ова лето морав да кажам: „Морам да заминам и да бидам сама. Сакам да си докажам дека можам да го направам тоа“, изјави Лопез.