Осум лица побегнале од притворниот центар во францускиот град Ница, додека деветтиот бегалец е уапсен, соопштија денеска полициски и судски извори.
Притворниот центар во Ница може да прими 40 луѓе, а се наоѓа во поранешна касарна која е претворена во полициска станица.
Како што соопштија од полицијата, во центарот се сместени голем број мигранти кои по излегувањето од затвор треба да бидат вратени на граница.
За безбедносните мерки во центарот и околу центарот задолжени се 70 припадници на граничната полиција, кои се менуваат, јавува Танјуг.