Шон Пен (64) за првпат се појави на црвениот килим со својата нова девојка, 34 години помладата Валерија Ницов. Парот присуствуваше на 21-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Маракеш во Мароко.
Пен на фестивалот пристигна во класичен, елегантен црн костум, додека Валерија носеше долг црн фустан без прерамки. На фестивалот Шон беше награден за неговата успешна актерска и режисерска кариера.
Инаку ова е прв пат двајцата да се појават заедно на јавен настан, а шпекулациите за нивната врска започнаа во септември, кога беа снимени како се бакнуваат во Мадрид.
Тие подоцна се појавија на аеродромот во Лос Анџелес и повторно разменуваа нежности во јавноста. Додека во октомври заедно отпатуваа во Париз, а двајцата беа неразделни во текот на целото патување.
Потсетуваме, Шон минатата година стави крај на врската со актерката Натали Кели. Од 2020 до 2022 година, тој беше во брак со актерката Лејла Џорџ.
Со поранешната сопруга Робин Рајт има две деца – ќерката Дилан и синот Хопер, а во доцните 1980-ти, тој беше во брак со Мадона. Неодамна, во интервју за Њујорк Тајмс, тој изјави:
„Едноставно сум слободен. Доколку сакам да бидам во врска, и понатаму ќе бидам слободен или нема да бидам во врска и нема да бидам повреден. Не верувам дека љубовта повторно ќе ми го скрши срцето“.
Тој исто така рече дека избегнува драма во љубовните врски како и дека колешките од филмската индустрија му покажале дека врските не мора да бидат драматични или исцрпувачки.