Денеска околу 03 часот по полноќ, во Скопје, на територија на Карпош, од страна на полициски службеници од ПС Карпош биле лишени од слобода 31-годишниот М.Т. од Скопје и 27-годишниот Б.Н. од Скопје поради сомнение за извршено кривично дело „тешка кражба“.
Веднаш по добиена пријава околу 02.35 часот дека две лица извршиле тешка кражба од патничко возило на територија на Карпош, преземени се соодветни мерки и активности и извршителите се лишени од слобода, а кај нив се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.