Арне Слот на спектакуларен начин ја надградува цела добра работа која ја извршува Јирген Клоп во Ливерпул, а дефинитивно никој не можеше да замисли дека неговиот Ливерпул ќе има 11 бода повеќе од Манчестер Сити по 13 комплетирани рунди во Премиер лигата.
Ова сценарио стана реалноста откако Ливерпул во секоја смисла го надигра актуелниот шампион вчера во дербито на „Енфилд Роуд“, а по победата изразена со резултат 2:0, менаџерот на домашниот тим доби интересно прашање во прес-центарот.
Пеп Гвардиола ја бележи најголемата криза во неговата тренерска кариера и Слот беше запрашан дали му е жал за работите кои му се случуваат на Шпанецот, по што холандскиот стручњак го даде следниот одговор:
– Чувствувате симпатии и емпатија за сите менаџери и колеги кои се во лоша положба. Тоа посебно важи за тренери кои загубиле многу натпревари, или за тренери чии тимови се на дното на табелата. Но, Пеп Гвардиола освои толку могу во кариерата и безброј пати покажал колку вреди.
– Мене ми е јасно дека титулата не се решава во ноември. Мислам дека минатата сезона Сити имаше осум бода помалку од Арсенал во февруари, па на крајот пак стана шампион. Не ми е жал за Гвардиола. Можеби треба да жалите други менаџери, но не Пеп. Тој има освоено толку многу работи во фудбалот и сигурен сум дека ќе го врати Сити назад во посакувана форма, – изјави Слот.