Бербок ја обвини Кина дека и дава оружје на Русија за војната во Украина и дека го загрозува мирот во Европа

Макфакс

02/12/2024

08:12

1.231

Големина на фонт

а а а

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја обвини Кина дека и дава оружје на Русија за војната против Украина и дека го загрозува мирот во Европа и Индо-Пацификот.

„Наместо да ја преземе одговорноста за мирот и безбедноста во светот како постојана членка на Советот за безбедност на ОН, Кина се спротивставува на нашите суштински европски интереси со својата економска и вооружена помош за Русија“, рече Бербок во изјавата пред нејзината посета на Пекинг, објави Ројтерс.


Бербок истакна дека „бруталната агресивна војна на Путин против Украина претставува директна закана“ за мирот.