Шилегов со песна го прокоментира изборот на новото раководство на СДСМ: „Во Бестрага“

Точка

28/11/2024

14:07

1.357

Големина на фонт

а а а

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, на својот профил на Фејсбук со песната "Во бестрага" го прокоментира изборот на новото раководство на СДСМ.

СДСМ вчеравечер ја одржа првата седница на Централниот одбор. На вчерашната седница за нови потпретседатели беа избрани поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, професорката Ана Чупеска, битолчанецот Менде Илиевски од тамошниот Совет и Кристина Костовакоја е активна во рамките на Централниот одбор на СДСМ.

Партијата го избра Александар Димитријевиќ од општинската организација на СДСМ во Гази Баба за генерален секретар, а организациони секретари ги избра Љупчо Фармаковски од СДСМ Центар и Мартин Костовски кој е пратеник во Собранието.


Наместо коментар …

Posted by Петре Шилегов on Wednesday 27 November 2024

Претходно, на 30-от партиски конгрес одржан во неделата за заменик-претседателка беше избрана Фани Каранфилова-Пановска.

Шилегов не го криеше своето незаводоволство од изборот, па на својот профил на Фејсбук ја објави песната "Во Бестрага" во изведба на Игор Џамбазов и Нокаут.

Наместо коментар… кратко напиша Шилегов алудирајќи на новото партиско раководство.




Спонзорирани линкови

Маркетинг