Првиот лек за астма во изминатите 50 години е прогласен за „револуционерен“

Точка

28/11/2024

11:19

605

Големина на фонт

а а а

Новиот лек за астма, прв од ваков вид во последните 50 години, беше прогласен за „револуционерен“ од лекарите и пациентите, откако клиничкото испитување покажа дека лекот "бенрализумаб" е многу поефикасен од традиционалните таблети во лекувањето на тешка форма на астма.

"Бенрализумаб" е антитело што ги таргетира белите крвни зрнца кои можат да ги нападнат белите дробови кај луѓето со еозинофилна астма, форма на болеста што предизвикува оток и стеснување на дишните патишта.

Резултатите од клиничкото испитување покажаа дека пациентите со астма или хронични белодробни заболувања кои примиле инјекција од овој лек за време на напад имале помала веројатност да имаат отежнато дишење и други симптоми четири недели подоцна.


Значително подобрување има и во квалитетот на животот, според податоците објавени во списанието „The Lancet Respiratory Medicine“.

Стероидните таблети со децении беа главниот третман за астма и хронични белодробни заболувања, но тие не беа секогаш ефикасни, поради што пациентите мораа да земаат повеќе видови лекови, со ризик повторно да бидат примени во болница.


Редовната употреба на стероиди го зголемува и ризикот од дијабетес и остеопороза, истакнуваат експертите.

„Ова е одлична вест за луѓето со белодробни заболувања. Но, поразително е тоа што ова е првиот нов третман во последните 50 години, што покажува колку е недоволно финансирано истражувањето за белодробните заболувања“, рече д-р Саманта Вокер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг