Јапонци ќе ја спасат планетата: Научници создадоа пластика која целосно се раствора во морската вода

Точка

25/11/2024

11:16

613

Големина на фонт

а а а

Овој материјал е издржлив, но биоразградлив и не формира микропластика.

Меѓународен тим предводен од јапонскиот истражувач Аидо Такузо од Институтот за физички и хемиски истражувања "RIKEN" објави дека успеал да развие нов вид пластика која е издржлива, но биоразградлива во морската вода и не формира микропластика, пренесува јапонскиот медиумски сервис "NHK".

Според истражувачите, новиот тип на пластика, кој може да се рециклира, ќе помогне да се намали загадувањето на животната средина и акумулацијата на микропластика во океаните.


Тим од научници развива материјал кој ќе ја замени конвенционалната пластика добиена од фосилни горива. Истражувачите, кои ги објавија своите наоди во американското списание "Science", објаснуваат дека пронашле нов вид пластика која е безбојна и проѕирна и има иста сила и отпорност на топлина како полипропиленот.

Новиот материјал се нарекува супрамолекуларна пластика--„полимери со структура што се држи заедно со потенцијално реверзибилни интеракции“, а научниците веруваат дека ќе има различни примени.


Микропластиката стана голем проблем кога станува збор за зачувување на планетата, но и за зачувување на здравјето на луѓето, бидејќи научниците открија дека таа навлегла и во нашиот мозок и во другите внатрешни органи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг