Арне Слот денеска ги реализирал вообичаените обврски кон медиумите, одржувајќи прес-конференција во пресрет на дуелот меѓу Ливерпул и Саутемптон.
Покрај тоа што зборувал за ситуацијата во редовите на актуелниот лидер во Премиер лигата, холандскиот стручњак бил прашан за коментар и околу информацијата дека Пеп Гвардиола го продолжил договорот со Манчестер Сити на уште две години.
– Тоа е добра вест за Сити и за лигата, бидејќи сите сакаат овде да бидат најдобрите фудбалери и најдобрите тренери.
– А, тој дефинитивно е еден од најдобрите, ако не и најдобар менаџер.
– Сити освои четири титули по ред под негово водство, но дури и да замине, со овој тим со кој располага Сити, сигурно нема да се бори за опстанок, – рекол Слот.