Шутаров: За да може да функционира ЈСП бараме да се прецизира износот на 2,5 милијарди литри нафта

Макфакс

21/11/2024

20:11

2.089

Големина на фонт

а а а

Советниците на СДСМ со предлог решенија сакаат да помогнат за да се надминат проблемите во градот Скопје. Затоа излеговме со три конкретни мерки кои бараме преку Заклучоци да ги усвои Советот, рече советникот на СДСМ, Гордан Шутаров на вонредната седница на Советот на Град Скопје.

Предлог на СДСМ за финансиска инекција од државата, со Закон, е соодветно решение и досега се практикувало. Пример е 2018 година кога владата ги финансираше општините за да ги покријат долговите и за да може општините да функционираат. Со негова измена и дополнувања по скратена постапка, рече Шутаров.

Коректна е одлуката на Владата да доделу субвенции, тоа беше предлог и на СДСМ, но тука се јавуваат отворени прашања и нема наведно колкав износ.

Затоа СДСМ бара заклучок, да го наведеме износот, од 2,5 милиони литри којшто би биле доволни за ЈСП да јз извршува функцијата до крајот на годината, кога веќе треба да стапи на сила и буџетот за следната година. Затоа бараме и за оваа ставка поддршка, рече советникот на СДСМ, Гордан Шутаров.

Граѓаните со право реагираат со коментари од типот „леле што му се случува на Скопје“. Од тоа што го гледаат во Скопје како хаос и катаклизма, од тоа што го дозволивте како мнозинство во советот. Најреалниот одговор е дека Скопје не постои моментално само заради политика и инает. Скопје е блокиран Град, заглавен, нечист, без јавен превоз. Тоа е Скопје во 21 век, во којшто ништо не функционира освен политиката, рече Шутаров.    



Спонзорирани линкови

Маркетинг