Аргентина успеа да го победи Перу со 1:0 и стави крај на задачите кои ги имаше во месец ноември, но триумфот во Буенос Аирес беше остварен многу потешко од очекувањата.
Магијата која ја режираа Лео Меси и Лаутаро Мартинез беше доволна за минимална победа, меѓутоа натпреварот изобилуваше и со низа прекршоци и груба игра која е карактеристична за натпреварите во Јужна Америка.
Дел од перуанските фудбалери по натпреварот се пожалија на судискиот критериум и алудираа на тоа дека Меси добивал заштита од главниот арбитар, а покрај ваквите изјави, сега вирално стана и едно видео кое го пренесе „TyC Sports“.
Аргентинската телевизија откри дека за време на мечот, Меси во еден момент му се налутил на Замбрано за грубата игра, па го „почестил“ со легендарните зборови со кои го „поздрави“ и Вегхорст по тензичното четвртфинале со Холандија на Светското првенство.
– Што правиш глупаку…… , – му вели Меси на Замбрано на теренот.
"¿QUÉ HACÉS, BOBO?" 🤌
— TyC Sports (@TyCSports) November 20, 2024
El enojo de Messi con Zambrano. #EliminatoriasEnTyCSports. pic.twitter.com/aEAEsFFDBu