Фатени скопјани кои запалиле угостителски објект

Макфакс

20/11/2024

16:36

801

Големина на фонт

а а а

Полицијата поднесе кривична пријава против И.И.(44) и А.И.(49), двајцата од Скопје, поради тешки дела против општа сигурност во врска со предизвикување општа опасност.

На 13 ноември во Скопје, пријавените со запалива течност предизвикале пожар во угостителски објект во главниот град, објави МВР во дневниот полициски билтен.