Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.
Лукоил 2-1(2-1) Нетцетера
Лукоил: Горан Стојанов 10”, Петар Лефков 20”
Нетцетера: Дарко Ристовски 17”
Во рамките на седмото коло од Бизнис Лигата на Македонија во “Б” групата го натпреварот фо отворија екипите на Лукоил и Нетцетера. И двете екипи натпреварот го започнаа доста офанзивно со притисок во предно поле на двете страни. Во првото полувреме прва до водство дојде екипата на Лукоил преку Стојанов 10” кој му донесе водство на својот тим од 1-0. Екипата на Нетцетера набрзо успеа да ги консолидира своите редови и преку Ристовски го израмни резултатот на 1-1. Се играше егал натпревар се до финишот од полувремето кога Лефков кај Лукои постигна погодок за водство од 2-1, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме се играше цврста одбрана и на двете страни. И двете екипи имаа одлична поставеност со што не му дозволуваа на противникот да дојде до отворен шут кон голот. Ваквата игра траеше во текот на целото второ полувреме. Екипата на Нетцетера се обидуваше со чести замени да го одржи високиот ритам како би можела да го изненади Лукоил, но Лукоил потпирајќи се на своето искуство ја задржа предноста стекната во првото полувреме па на крајот славеше со конечен резултат од 2-1.
С.Ц. Борис Трајковски 5-4(4-0) Bestway Solutions
С.Ц. Борис Трајковски: Јован Димовски 4” 5” 40”, Горан Андоновски 8”, Дарко Филимановски 20”
Bestway Solutions: Марко Неделковски 30” 32” 35”, Бобан Терзиевски 37”
Екипата на С.Ц. Борис Трајковски крајно мотивирано влезе во дуелот со Bestway Solutions. Иако и двете екипи настапија со скратен состав квалитетот и желбата за победа не изостануваа и на двете страни. Натпреварот го отвори екипата на С.Ц. Борис Трајковски која преку Димовски со два гола во низа, 4” и 5”, успеаа да дојдат до водство од 2-0. Ваквата игра на Димовски како да му даде ветар во грб на С.Ц. Борис Трајковски и целосно успеа да ја превземе иницијативата и контролата врз овој натрпревар. Во 8” на Димовски му се приклучи Андоновски кој постигна гол за 3-0. Bestway Solutions се обиде со притисок во предно поле и чести измени да фати ритам како би ја изненадила екипата на С.Ц. Борис Трајковски но С.Ц. Борис Трајковски во самиот финиш преку Филимановски не дозволи изненадување па поведе со 4-0, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија да играат во висок ритам. Bestway Solutions се обидуваше со промена на техничко-тактичките замисли да фати приклучок во овој натпревар. Ваквата промена набрзо вроди со плод. Bestway Solutions успеа да ја консолидира својата одбрана, и преку прецизно организирани напади стигнуваше до отворени шанси за гол кои успеа да ги реализира преку Неделковски и Терзиевски, постигнувајќи четири погодоци во низа за, па така до финишот на второто полувреме израмни на 4-4 и натпреварот влезе во егал завршница. Екипата на С.Ц. Борис Трајковски преку одлична одбрана брзо поставен контра напад во самата завршница од натпреварот преку Димовски 40” успеа да постигне гол за победа на овој натпревар од 5-4.
Окта 4-3(1-1) Аџибадем Систина
Окта: Владислав Илиќ 18”, Бојан Станковиќ 24” 27”, Иван Димитриевски 40”
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 7” 22”, Филип Наковски 34”
Екипите на Окта и Аџибадем Систина одиграа крајно неизвесен натпревар. Уште на самиот старт и двете екипи најавија цврст натпревар со многу израмнет квалитет. На двете страни се играше гол за гол. Ниедна од екипите не можеше да оствари резултатска предност. Прва до водство дојде екипата на Аџибадем Систина во 7” преку Димковски кој и донесе водство од 0-1. Ова водство Аџибадем Систина го задржа се до самиот финиш кога Окта преку Илиќ израмни на 1-1, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија да играат израмнет натпревар, гол за гол. Ваквата игра се играше се до самиот финиш кога и двете екипи влегоа во егал завршница со резултат 3-3. Екипата на Окта буквално во последните секунди од натпреварот преку голманот Димитриевски успеа да дојде до победоносен гол и со резултат 4-3 го доби овој натпревар.
УНИКА 5-0(1-0) ТАВ
УНИКА: Рони Адеми 14” 33”, Донар Бајрами 22” 40”, Арбен Нухиу 37”
ТАВ:
Крајно цврсто играа и двете екипи уште на самиот старт во првото полувреме. И на двете страни целосен акцент беше ставен на играта во одбраната. И двете екипи одлично ги затвараа продорите кон противничкиот гол. Во ваквата игра тешко се доаѓаше до отворен шут кон голот како би можело да се дојде до реализација. Екипата на УНИКА успеа Адеми 14” да дојде до водство од 1-0. Екипата на ТАВ се обидуваше да најде противигра но тоа не и појде од рака се до крајот на полувремето која го загуби со минимални 1-0.
Во второто полувреме екипата на УНИКА најде противигра за одбраната на ТАВ и од минута во минута го зголемуваше водството. Екипата на ТАВ се обиде со голман играч да направи изненадување како би фатила резултатски приклучок но УНИКА потпирајќи се на своето искуство не го дозволи тоа и го доби овој натпревар со резултат од 5-0.