Борел: Судбината на Украина ќе ја одреди судбината на ЕУ

Макфакс

19/11/2024

18:17

236

Големина на фонт

а а а

Судбината на Украина ќе ја одреди судбината на Европската унија (ЕУ), изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел на 1.000 денови од руската инвазија на Украина.

Борел ова го изјави по состанокот на министрите за одбрана на ЕУ одржан во Брисел.

Високиот претставник на ЕУ пред средбата изјави дека Европејците треба да го следат примерот на САД и да дозволат напади на територијата на Русија со ракети со долг дострел, кои ги испраќаат до украинските сили.

„Се надевам дека сите земји-членки ќе ја следат американската одлука. Убеден сум дека Европјаните ќе го следат примерот на САД и ќе им дозволат на Украинците да го користат тоа оружје за да се борат против Русите на руската територија“, рече Борел, кој претседаваше со состанокот, негов последен на крајот од неговата мандат на чело на европската дипломатија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг