Бундеслигаш потврди дека се повлекува од „Икс“ поради Илон Маск

Дерби

19/11/2024

13:24

848

Големина на фонт

а а а

Германски прволигаш стана прв позначаен фудбалски клуб кој јавно потврди дека ја напушта социјалната мрежа „Икс“.

Вердер Бремен реши да се повлече од поранешниот „Твитер“ и се приклучи на голем број организации и познати личности кои го деактивираат својот профил и се префрлуваат на алтернативна мрежа.

– Откако Илон Маск ја презеде платформата, на говорот на омраза, омразата кон малцинствата, десничарските екстремистички објави и теориите на заговор им беше дозволено да се шират со неверојатно темпо, сето тоа под превезот на слободата на говорот.

– Радикализацијата на платформата е активно поттикната од Илон Маск и неговите лични објави, кои вклучуваат трансфобични и антисемитски коментари, како и ширење наративи за заговор.

– Во моментов ништо не се следи на платформата. Алгоритмите и одлучувањето на „Икс“ се целосно нетранспарентни процеси. Дополнително, Илон Маск ја користи социјалната мрежа како политичко оружје, како што се виде неодамна за време на изборите во САД, – изјавил извршниот директор Клаус Филбри.

Клубот објави соопштение и на „Икс“, отворено потврдувајќи се дека се префрлува на мрежата „Блускај“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг