[ВИДЕО] Првата дама на Бразил упати псовка кон Илон Маск: Не се плашам од тебе

Макфакс

19/11/2024

09:50

944

Големина на фонт

а а а

Првата дама на Бразил Јања Лула да Силва го нападна мултимилијардерот Илон Маск на настан пред самитот на Г20 во Рио де Жанеиро.

Додека промовираше построга регулација на социјалните мрежи на панел за дезинформации, таа беше прекината од силен звук што звучеше како бродска сирена.

„Мислам дека тоа е Илон Маск. Не се плашам од тебе“, рече сопругата на бразилскиот претседател и упати псовка кон Маск.

Маск го сподели видеото на X, додаде два емотикони со плачење и напиша „ќе ги загуби следните избори“, очигледно мислејќи на Работничката партија на претседателот Луис Инасио Лула да Силва.



Спонзорирани линкови

Маркетинг