„Како катедрала под вода“: Најголемиот корал на светот, поголем од синиот кит, пронајден во Пацификот

Точка

14/11/2024

15:50

3.315

Големина на фонт

а а а

Камерманот кој работел на бродот на телевизискиот канал „National Geographic“ го пронашол во југозападниот Пацифик најголемиот откриен корал досега, кој според описите е поголем од син кит, јави "BBC".

Овој „мега корал“, кој е збирка на многу поврзани, ситни суштества кои заедно формираат еден организам наместо гребен, би можел да биде стар повеќе од 300 години.

„Нуркав каде на мапата пишуваше дека има бродолом, а потоа видов нешто“, изјави камерманот на „National Geographic“, Ману Сан Феликс.


Тој опиша дека гледањето на коралите, кои се наоѓаат на Соломонските Острови, е како да се види „катедрала под вода“.

Научниците од експедицијата го измериле коралот со помош на вид мерна лента под вода, а според тие мерења коралот е широк 34 метри, долг 32 метри и висок 5,5 метри.


Коралите, опишани како „архитекти“ на морето бидејќи можат да се здружат за да формираат огромни гребени во кои живеат риби и други морски животни, се соочуваат со тешкотии на глобално ниво бидејќи океаните се загреваат поради климатските промени.

Овој последен примерок е пронајден во Тихиот Океан, во подлабоки води отколку каде што обично се наоѓаат корални гребени, кои можеби го заштитиле од повисоките температури на површината на морето.


Според последниот извештај на Меѓународната унија за зачувување на природата, на 44 отсто од топловодните корали им се заканува истребување, што е зголемување за една третина од последната проценка на видот во 2008 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг