Фрлени бомби и криминални пресметки станаа секојдневие поради несподобноста на Тошковски, вели СДСМ

Макфакс

14/11/2024

11:57

328

Големина на фонт

а а а

„Фрчат екплозии од бомби, криминалните пресметки станаа секојдневие а улиците се небезбедни. Неспособноста на Панче Тошковски сериозно ја наруши состојбата со безбедносна на граѓаните“, велат од СДСМ.

„Само во еден месец, октомври, за неполн месец, 5 инциденти со пукање и огнено оружје, а над 25 вооружени инциденти се случија во изминатите 4 месеци. Имаше пукање од автоматско оружје во Чаир а пред тоа пукање на Скопската обиколница, две недели претходно имаше исто така пукање во Чаир, каде што директно беше вмешан и помилуваниот наркобос, Барон. Се пукаше и во Арачиново, Батинци, Сингелиќ, на пластичарската улица, во Тетово, се случи и убиство кај Мавровка.

Граѓаните стравуваат за својата безбедност а Тошковски и ДПМНЕ немаат капацитет да ги заштитат. Досега немало понеспособен министер за внатрешни работи од Панче Тошковски“, соопшти СДСМ.