Фернандеш посочи што Аморим ќе му донесе на Јунајтед: Се издвојува…

Дерби

14/11/2024

09:11

1.187

Големина на фонт

а а а

Рубен Аморим го прифати повикот и Спортинг Лисабон го замени со премиерлигашот Манчестер Јунајтед во кој доаѓа како замена за Ерик Тен Хаг. Аморим имаше се под контрола во клубот од Лисабон, истот одлично функционираше, играше атрактивен фудбал, бележеше одлични резултати, но без разлика на се стратегот кажа „ДА“ за повикот кој стигна од „Олд Трафорд“.

 Ова за него ќе биде најголем тест во досегашната тренерска кариера, задача да ги врати „црвените ѓаволи“ на или при самиот врв како во Англија така и во Европа.
Бруно Фернандеш како капитен и сонародник на Рубен може да биде од голема помош побрзо да се наместат коцките и Јунајтед да тргне во позитивен правец. Фернандеш е оптимист и посочи што новиот менаџер ќе донесе во соблекувалната и меѓу играчите.


-За мене она што се издвојува е врската што ја има со играчите. Кога менаџерот оди од вашиот клуб во средината на сезоната со сите работи што треба уште да ги освојат, гледате како се збогуваат со него, како прават да се чувствува дел од тимот и како се однесуваат кон него, тоа покажува дека е одличен карактер и е некој што дава се од себе за играчите, -вели Фернандеш на кого му се допаѓа тоа што новиот менаџер ги штити играчите од критики и ги поддржува преку предизвици.
-Видов многу моменти кога играчите се мачеа и тој оди на прес-конференција за да ги брани своите играчи за да им даде најдобра можност да блеснат. Тој имаше навистина млад тим, па мораше тоа да го прави, се надевам ќе може да го стори истото со нас, -подвлече Бруно.