[ВИДЕО] Невреме ја погоди Малага, водата го опустоши градот: Алармантни предупредувања, сцените се страшни

Точка

13/11/2024

19:05

2.734

Големина на фонт

а а а

Во Малага, училиштата се затворени, како и многу супермаркети.

Само две недели по разорните поплави што ја парализираа Шпанија, поточно Валенсија, Малага сега е под црвен метеоролошки аларм, каде што веќе се евакуирани 3.000 жители.

На социјалните мрежи се појавија видеа кои наводно ја покажуваат моменталната ситуација во Малага.

На една од сликите е прикажан поплавен аеродром, додека на друга слика се гледа огромно количество вода што се сллева меѓу станбените згради и паѓа на веќе поплавената улица.

Шпанската агенција за цивилна заштита синоќа испрати масовно предупредување преку телефон во провинцијата Малага, предупредувајќи на „екстремен ризик од дожд“.

Областа, вклучувајќи ги и популарните туристички одморалишта како Марбеја, Велез и Естепона, се очекува да биде најмногу погодена од новиот временски феномен познат како „Дана“.

Другите делови на Шпанија, вклучувајќи ги Каталонија и брегот Тарагона, исто така се под црвена тревога, додека Валенсија, Андалузија и Балеарските Острови се под портокалова тревога.

Во Малага, училиштата се затворени, како и многу супермаркети.