Неделниот натпревар против Лестер заврши на најдобар можен начин и Руд Ван Нистелрој официјално му се понуди на Рубен Аморим, но Португалецот при првото стапнување во Англија, јасно стави до знаење дека не гледа добро на оваа идеја.
Според информациите, Аморим лично му соопштил на Руд дека нема слободно место во неговиот стручен штаб, по што Јунајтед како клуб излезе со соопштение за разделбата со Холанѓанецот.
Првата одлука на Аморим како менаџер на Јунајтед не воодушеви добар дел од фановите, но Рио Фердинанд сега понуди своја теорија, а воедно смета дека Рубен сепак постапил правилно.
– Ако се прашував јас, 100 проценти би го задржал Руд, но од друга страна, тоа беше тешка одлука и мислам дека знам зошто е донесена. За новиот менаџер нема да има лесна транзиција, а уште потешко ќе му беше ако крај себе имаше човек кој е омилен на „Олд Трафорд“, човек кој е еден од најдобрите голгетери во историјата.
– Фановите на Јунајтед го сакаат Руд, го сакаа уште пред да дојде, а сега го сакаат уште повеќе. Ако се појавеа кривини и дупки на патот, фановите веднаш ќе почнеа да бараат работата да му се предаде на Руд, – вели Рио.