Меланија Трамп уште од мали нозе покажала афинитет кон манекенството, што успешно го постигнала во подоцнежната кариера. На интернет се појави фотографија од Меланија која плени со својот изглед како 16-годишна тинејџерка.
Инаку, Меланија е родена како Кнавс, подоцна Кнаус, а работела како модел во Америка и Словенија.
Помеѓу 2017 и 2021 година, таа беше прва дама на САД како сопруга на Доналд Трамп. Поради победата на Доналд Трамп на претседателските избори во 2024 година, таа повторно ќе ја извршува функцијата прва дама на САД од 20 јануари 2025 година.
Таа пораснала во Словенија (тогаш дел од СФР Југославија) и работела како модел во многу европски градови, како Милано и Париз.
Таа е втора неамериканска прва дама на Соединетите држави, како и прва на која англискиот не и е мајчин јазик.
Од модел до прва дама на САД
Иако Меланија ја започна својата кариера на модните писти, нејзиниот успех го надмина манекенството, отворајќи врати за бизнис, политика и меѓународна слава.
Од оние први професионални снимања во Љубљана, кога имаше само 17 години, до денес, Меланија Трамп стана симбол на силата и трансформацијата, не само во светот на модата, туку и во глобалната јавна сфера.