Кошмар за Реал: Двајца важни играчи изнесени од теренот во солзи!

Точка

09/11/2024

18:01

2.453

Големина на фонт

а а а

Јасно е дека кралскиот клуб не е во најдобра ситуација во последните неколку недели и дека има одредена криза кога се во прашање резултатите.

Денешниот натпревар против Осасуна многумина го сметаа за идеална шанса за Реал да се врати на победничките патеки, но првото полувреме на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ беше вистински кошмар за домашните.

Карло Анчелоти и пред овој меч имаше проблеми со повредени играчи, но сега тој список е значително продолжен.

Од првата минута играше Родриго кој заздрави од повредата, но се покажа дека не е подготвен да го започне натпреварот. Бразилецот на теренот мина само 20 минути, а потоа побара да биде заменет.

На теренот наместо Родриго влезе Брахим Дијаз, а Бразилецот во солзи го напушти теренот бидејќи беше јасно дека ја обнови повредата.

Сепак, само десет минути подоцна следеше вистински шок и тишина на Бернабеу.

По еден напад на Реал, Едер Милитао остана да лежи во шеснаесетникот на гостите и врескаше од болка, иако беше јасно дека нема контакт со противничките играчи. Милитао незгодно застана и веднаш врескаше, а се чини дека се работи за сериозна повреда. И тој во солзи, но и на носилки го напушти теренот.

Познато е дека Милитао се врати на терените на крајот од минатата сезона исто така по тешката повреда кога ги скина лигаментите на коленото, поради што беше надвор од терените речиси една година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг