Двајца млади скопјани уапсени поради разбојништво во центарот на Скопје

Макфакс

09/11/2024

11:36

957

Големина на фонт

а а а

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје утринава, околу 02:45 часот, ги лишија од слобода двајцата осомничени Ј.Т. (19) и К.П. (19), двајцата од Скопје, поради основано сомнение за извршено кривично дело „разбојништво“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил околу 02:30 часот, кога Ф.Ф. (22), скопјанец, пријавил дека бил нападнат од две лица во близина на Собранието во град Скопје. Осомничените, со закана од остар предмет, му одзеле пари.

По пријавата, полицијата веднаш презела брзи мерки за лоцирање и апсење на извршителите. За кратко време, Ј.Т. и К.П. биле приведени, а одземеното било пронајдено и ќе му биде вратено на оштетениот. Пронајден е и предметот со кој е извршено делото.

По документирањето на случајот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг