[ФОТО] Од прекрасниот Џони до „чудовиште“ од пластичните операции: Ова е причината поради која некогашниот холивудски заводник почнал опсесивно да се оперира – сега е непрепознатлив

Точка

08/11/2024

17:24

3.404

Големина на фонт

а а а

Некогаш важеше за еден од најголемите холивудски срцекршачи, денес тешко дека некој би му доверил улога во култната драма „9½ Weeks“. Некогаш „Убавиот Џони“, денес слика и прилика за лошо направена пластична хирургија – Мики Рурк.

Мики Рурк несомнено имал „baby face“, а можеби и сега би бил препознатлив доколку не го „допирал“ тоа прекрасно лице. Но, тој не отишол под скалпел поради страв од старост, туку поради својата страст наречена бокс, а потоа се „навлекол“ и станал зависник од естетски корекции.

Пред да се појави на екранот во 1970-тите, Рурк се занимавал со „благородна вештина“. Сепак, бројните повреди и стравот дека ударите ќе му го уништат лицето довеле до одлука да се откаже од боксот. Во 1980-тите, и во првата половина на 1990-тите, тој постигнал голем успех во Холивуд, успевајќи припадничките на понежниот пол да заборават на Ричард Гир, Мел Гибсон и другите заводници кои „харале“ во тоа време.


Меѓутоа, славата многу брзо му здодеала. Тој се вратил на својата прва љубов – боксот, па дури имал и професионални натпревари. Но, кога се занимавате со ваков спорт, мора да сте спремни и на сериозни последици. Лицето е прво на удар.

Така, Мики Рурк неколку пати си го скршил носот, но успеал и јаготките, ребрата, па дури и да го „искине“ јазикот. Силните удари во главата делумно му го одзеле памтењето. Потоа следеле трауми, лоши деловни и љубовни потези, депресија која ја лекувал со алкохол и дрога …


Во одреден момент одлучил да посети пластичен хирург за да му го врати лицето во нормала. Сè започнало со операција на носот, а потоа се претворило во зависност.

„Само сакав да го поправам нередот на моето лице, но отидов кај погрешен лекар“, признал своевремено и додал дека морале да му ја отстранат ’рскавицата од увото за да му ја вградат во носот, кој буквално се распаѓал.


Наводно, пет пати го оперирал носот, а еднаш јаболчната коска. Но, дали „само“ толку операции биле доволни за ваква морничава трансформација? За искривено лице на кое не би му требала маска доколку се појави во хорор-филм.


Мики Рурк наполни 72 години во септември. Од неговата природна убавина не остана речиси ништо, а на последните фотографии, како што може да се прочита во коментарите, изгледа како „старомодна пензионирана библиотекарка“.