Антикорупциската комисија бара да се поништат одлуките за назначување членови на УО во Академијата за судии и јавни обвинители

Макфакс

08/11/2024

14:29

185

Големина на фонт

а а а

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) побара поништување на одлуките за назначување членови од редовите на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители во упрвавниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО).

ДКСК смета дека одлуките се спротивни на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Законот за АСЈО и ги повика Судскиот совет и Советот на јавните обвинители да преземат мерки со кои ќе ги стават надвор од сила овие одлуки.

„Избрано или именувано лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функција што ја врши со други функции или дејности утврдени во Уставот и законите“, истакнуваат од ДКСК.

Се наведува дека назначувањето на членови во управниот одбор на Академијата треба да биде од редовите на судиите, односно на јавните обвинители, а не од редовите на членовите на овие две тела.

Судскиот совет и Советот на јавните обвинители тврдат дека нема ништо незаконито во нивните одлуки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг