Новак Ѓоковиќ доби споменик во Србија, поточно во Кикинда. Скулпторот Борис Стапарац по една година заврши со изработката на споменикот на едниот од најдобрите тенисери на сите времиња. Споменикот е висок е околу два и пол метри, а изработен е од моделиран бетон, и во раката држи рекет и крст.
„Не само што „дише“ споменикот, туку се чувствува и огромната љубов кон Новак, претставникот на нашиот народ, кој во светот нè претставува онакви какви што сме. Побожни, полни со енергија, мирни, со работнички чувства во нас, бидејќи само така можеме да го победиме невозможното“ изјави Стапарац за Радио-телевизија Војводина.
„Веќе знам на кое место би требало да биде поставен. Сите ние сме поврзани преку некои небесни сили, тој некој ќе дојде по него. Но, доколку споменикот остане кај мене, имам желба мојот двор еден ден да стане музеј на скулптури па така таму ќе му биде местото. На крајот на краиштата зошто и Србите да не имаат свој Родин“, додаде Борис.