Марго Роби во блескаво издание 20 дена по породувањето: Познатата актерка го изведе синот на прошетка, но сите коментираат само на едно нешто

Точка

08/11/2024

12:00

3.377

Големина на фонт

а а а

Една од најубавите актерки, Марго Роби, неодамна беше забележана во Лос Анџелес како го шета својот син, кој се роди пред само 20 дена.

Таа изгледаше беспрекорно, носејќи црни широки панталони и црн топ, над кој облече широка бела кошула.

Познатата Австралијка изгледаше среќно и опуштено додека ја туркаше количката. Судејќи по фотографиите, многумина коментираат дека никогаш не изгледала подобро, бидејќи радоста и среќата зрачат од неа. Нејзиниот лежерен изглед беше заокружен со црни очила за сонце, кои ја штитеа од љубопитните погледи на минувачите.


На прошетката ѝ се придружи блиска пријателка и поранешна колешка од серијата „Соседи“, актерката Ема Бруер, со која Марго воспостави блиско пријателство за време на снимањето на австралискиот сапуница.

Прво дете

Да потсетиме, Марго Роби и нејзиниот сопруг Том Акерли добија син на 17 октомври. Веста ја чуваа во строга приватност две недели, со цел да уживаат во семејната интимност.


Неколку дена пред породувањето, Том (34) беше фотографиран додека купуваше артикли во близина на нивниот дом во Венис Бич. Во неговата кошница имаше еколошки пелени, кутија цигари и шише вино – веројатно за здравица во чест на новороденчето.


Тие се венчаа во 2016 година и оттогаш работат заедно на многу проекти, благодарение на нивната заедничка страст и љубов.