Луис Енрике: 30 години сум во фудбалот, но се уште немам објаснување за вакви работи

Дерби

07/11/2024

14:24

3.033

Големина на фонт

а а а

ПСЖ претрпе нов пораз во Лигата на шампионите и истиот беше навистина болен, од едноставна причина што истиот пристигна во последната акција од мечот.

Иако „светците“ беа супериорни и тие беа оние кои се обидуваа да постигнат втор гол во мрежата на Јан Облак, на крајот Џиџи Донарума беше оној која ја вадеше топката од мрежата, и тоа после молскавичната контра на гостите во 93-та минута.

Анхел Кореа се погрижи за студен туш на „Паркот на принцовите“, а бидеј ПСЖ падна на 25-то место во поредокот во Лигата на шампиони, сега сериозно се доведување во прашање пласманот на францускиот првак во следната фаза.

Луис Енрике не можеше да верува од крајниот исход (1:2), но по натпреварот посочи дека неговиот тим добил премала награда за тоа што го понудил на натпреварите на домашен терен.

– Немам доволно зборови за да го објаснам ова. На трите натпревари кои ги игравме на домашен терен против Џирона, ПСВ и Атлетико бевме исклучително супериорни, но оставаривме само една победа. Не можам да кажам ништо друго, освен дека имавме лоша среќа.

– 30 години сум во фудбалот и се уште не знам да дадам објаснување за вакви работи. Ова е лоша среќа, не може да се каже ништо друго. Бевме целосно подобри и супериорни, но не го добивме тоа што го сакавме.

– И покрај се, во мојот речник не постои зборот „откажување“. Се додека имаме шанси, ќе се бориме за тоа што го сакаме. Не можам да гарантирам дека ќе продолжиме понатаму, но верувајте дека ќе дадеме се од себе, – изјави Лучо.