Медведев за победата на Трамп: Тој смртно презира да троши пари на идиотски сојузници, Украина е во иста линија

Макфакс

06/11/2024

10:18

3.860

Големина на фонт

а а а

Дмитри Медведев, поранешен руски претседател и актуелен заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност, ја коментираше победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

„Доналд Трамп мрази да троши пари на разни подлизурковци и паразити, а Украина спаѓа во таа категорија“, рече Медведев. Како што наведе, пред неколку дена пишуваше за „избезумениот двопартиски антируски консензус на Капитол Хил“.

„Трамп има една карактеристика што ни користи: како бизнисмен во душата, тој смртно презира да троши пари на разни подлизурковци и паразити – на идиотски сојузници, лоши добротворни проекти и алчни меѓународни организации. Токсичната Украина е во иста линија“, напиша тој на каналот Телеграм.




Спонзорирани линкови

Маркетинг