Демократите стравуваат дека паѓа нивниот „син ѕид“! Дали се повторува 2016 година кога Трамп ги зеде овие три земји, Камала станува нова Хилари?

Точка

06/11/2024

11:00

2.486

Големина на фонт

а а а

Политико пишува дека демократите се плашат дека Трамп ќе им го освои „синиот ѕид“

Демократите кои беа убедени дека нивниот претседателски кандидат ќе земе повеќе федерални држави од ЏоБајден пред четири години, сега се плашат дедека Трамп ќе го освои „синиот ѕид“ – Висконсин, Мичиген и Пенсилванија и со тоа да им ги уништи сите надежи за останување во Белата куќа.


Ова го објави Политико, што потсетува дека Трамп веќе ја освои Северна Каролина, една од седумте клучни федерални држави за победата на овие избори и каде припаѓа и „Синиот ѕид“.


Се наведува дека Трамп засега води кон пет од овие земји, а расположението меѓу демократите е се полошо.


Трамп во 2016 година успеа на демократите да им го земе „Синиот ѕид“ и го порази нивниот кандидат Хилари Клинтон, но во 2020 година претседателот Бајден успеа да ги врати во своја партија овие три држави и да извојува победа против Трамп.