[ВИДЕО] Како изгледа популарната тркачка патека во Валенсија по разорните поплави

Точка

05/11/2024

16:53

20.174

Големина на фонт

а а а

Катастрофалните поплави во Валенсија ја уништија „Ricardo Tormo“ – „MotoGp“ тркачката патека, пренесуваат шпанските медиуми.

Имено, делови од популарната патека изгледаат непрепознатливо, а патеката е прекриена со кал.

Поплавите кои го зафатија регионот на Валенсија предизвикаа, голема штета на патеката „Ricardo Tormo“ во Честе, на којашто од 15 до 17 ноември се одржува завршната „MotoGp“ трка. Така што поради големото оштетување, последната трка ќе се одржи на патеката „Circuit de Catalunya“ во Барселона.

Потсетуваме, најмалку 217 лица загинаа во катастрофалните поплави кои ја погодија Шпанија, а се очекува дека оваа бројка ќе се зголеми со оглед на тоа дека потрагата за исчезнатите сè уште трае.


Инаку, на улиците на Валенсија може да се види шпанската војска која е во потрага на десетици исчезнати луѓе и се обидува да ги отстрани калот и урнатините.