Тошковски: Организираниот криминал и насилниот екстремизам претставуваат сериозни закани за стабилноста на Западен Балкан

Макфакс

05/11/2024

13:27

169

Големина на фонт

а а а

Министерот Панче Тошковски учествуваше и се обрати на експертски состанок за подобрување на разбирањето на врските со насилниот екстремизам, тероризмот и организираниот криминал во Западен Балкан во организација на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (ГИ-ТОК) со поддршка со Министерството за внатрешни работи на Холандија.

Министерот Тошковски потенцира дека ваквите иницијативи се клучни во заедничката борба за подобра безбедносна перспектива бидејќи проблемите со кои се соочуваме не познаваат граници и бараат заеднички, координирани и одлучни одговори.

„Организираниот криминал и насилниот екстремизам претставуваат сериозни закани за стабилноста на Западент Балкан. Тие имаат потенцијал да ги разјадат нашите институции, да ги ослабат заедниците и да создадат атмосфера на страв и несигурност. Затоа од витална важност е да ги зајакнеме механизмите за отпорност во најпогодените заедници и да вложиме во долгорочни решенија, што ќе ги спречат овие појави уште во нивната почетна фаза“, нагласи министерот Тошковски.

Тошковски на крајот истакна дека ваквите иницијативи имаат потенцијал да создадат трајни партнерства и вмрежувања, кои ќе ја зголемат ефикасноста на нашите заеднички напори и само преку такви синхронизирани и интегрирани мерки можеме да ја заштитиме стабилноста на нашите држави и да обезбедиме побезбедна и просперитетна иднина за сите наши граѓани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг