Харис вети дека ќе го поддржи Западен Балкан во интеграциите, Трамп вети дека ќе ја зајакне безбедноста на тој регион

Макфакс

05/11/2024

09:50

220

Големина на фонт

а а а

Потпретседателката на САД и демократска претседателска кандидатка Камала Харис изјави дека доколку биде избрана за претседател ќе ги поддржи земјите од Западен Балкан во борбата против корупцијата и продолжувањето на евроатлантските интеграции, додека поранешниот американски претседател и Републиканскиот кандидат Доналд Трамп вети економска соработка и зајакнување на безбедноста во тој регион.

Претставници на изборните штабови Харис и Трамп во писмена реакција до македонскиот сервис на Гласот на Америка ги образложија позициите на претседателските кандидати во пресрет на изборите во САД, кои се одржуваат денеска.

„Харис постојано се залагаше за промоција на демократијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата. Борбата против корупцијата е суштински интерес на американската национална безбедност, што е една од причините зошто Харис е целосно посветена на унапредување на евроатлантските аспирациите на земјите од Западен Балкан, НАТО и ЕУ почиваат на заедничките демократски вредности, вклучително и силни, независни и одговорни институции“, изјави портпаролката на изборниот штаб, КамалеаХарис, во кус одговор на прашањето за идната политика на Демократите кон Западен Балкан.




Спонзорирани линкови

Маркетинг